На познатиот париски саем за ентериер и декор Maison & Objet, романската дизајнерка Irina Neacsu ја лансираше најновата колекција столици, која означува потполно нов правец во развојот на нејзиниот бренд “Thecraftlab”. Станува збор за тапацирани столици со необични принтови, на кои се прикажани разни симпатични ликови. Господин Тој (Mr Him) и Госпоѓа Таа (Ms Her) во Париз пристигнаа заедно со останатите ликови од колекцијата: Draga и Dragu, како и модното дуо Miss One и Miss Due. Секоја столица претставува еден лик, уникатна е и рачно изработена од повеќе видови на текстил, комбинирајќи различни материјали и техники за изработка, својствени само за споменатиот бренд. На интернет страницата на познатата дизајнерка може да се сретнат две категории на производи: првата ја сочинуваат колекција уникатни производи со рачна изработка кои веќе го претставуваат споменатиот бренд, и категоријата која опфаќа нова група сериски производи со принт на текстил, според оригиналните илустрации на Irinа Neacsu. Кокетни, слатки, шармантни, впечатливи, и пред се’ оригинални, со шик дизајн и забавен концепт кој со сигурност нема да ги остави рамнодушни поп-арт вљубениците. Како ви се допаѓаат овие необично дизајнирани столици?