Светски познатата рекламна агенција JWT излезе со инспиративно видео кое заслужува стравопочит како начин да им се помогне на децата да се справат со ракот на A.C.Camargo Cancer Center во Сао Паоло, Бразил. Агенцијата соработувала со докторите за да дизајнира инфузни кеси врз основа на ликовите на најпознатите суперхерои, што го прави третманот помалку страшен за децата. На овој начин, децата се чувствуваат заштитени и моќни да се борат против болеста, со реална надеж дека ќе успеат во истата.
Како дел од оваа кампања, игротеката во болницата е трансформирана во „Сала за правда“ којашто вклучува екслузивен влез за пациенти, додека истата е украсена со суперхерои во природна големина. Рекламната агенција во соработка со нивниот клиент Warner Bros, да се произведе една серија на стрипови каде што овие ликови биле подложни на слични искуства, но успеале да победат благодарение на Суперформулата.