Cattelan Italia како креатор на овој иновативен тип на полица кој единствено завзема простор во висина, истовремено складира повеќе од 100 книги, а патем, изгледа крајно стилизирано – DNA bookcase, денес во центарот на вниманието. ДНК полицата, како мек превод го подразбира уникатен и стилски начин за прикажување на вродената љубов кон книгите. Изработена од челик, висока речиси 6 метри со две платформи, кои суптилно се изротирани во една централна колона со 13 полици поставени паралелно од двете страни. Внимателниот дизајн создава впечаток на двојна спирала како облик кој претежно се среќава во структурата на ДНК. Формата дефинитивно го одзема здивот, изгледот зрачи со стил додека практичноста е неминовна – оваа полица е достапна во две бои, обата класични, црн и бел модел.