Сместен е во срцето на Лондон, на одлична локација, близу познатите музеи и галерии во строгиот центар на англиската престолнина, и е фасцинантно место кое воодушевува со својот забавен концепт и по малку магичниот дизајн. Во духот на урбаниот и космополитски Лондон, The Ampersand Hotel e елегантно и софистицирано уредено здание, реализирано со палета од интензивни, живи и весели бои, суптилен сјај и гламур, поетична магија и хармонична атмосфера која се разлева насекаде. Секој простор и соба се различни и поинакви од останатите, со посебна тематика, и вариетет од музички мотиви, ботанички детали, астрономски елементи и многу други содржини кои го крадат вниманието во секоја од нив, давајќи им кокетен амбиент и неодолива привлечност. Уреден е со внимателен избор на деталите, а секоја хотелска соба е уникатна, забавна и посебна чудесна приказна, со специфичен шарм и деликатен вкус кој кани на магично доживување.
Чудесна приказна во Лондон | The Ampersand Hotel
Место на кое едноставно не може да се досадувате, или да сте нерасположени.