Во време кога есента е на прагот и повеќето македонски семејства подготвуваат зимници, оваа фотографија е наш избор за Фото на денот. Фотографијата не е дело на македонски фотограф, но мора да признаеме дека Emine Basa како да фотографирала автентична македонска трпеза. Леб, лук, кромид, топла чорба, па и круша за десерт… прашајте ги постарите: зар има нешто поубаво?