Ви претставуваме одлично дизајниран дом, во кој лежерноста, комфорот и релаксираниот амбиент се ставени во преден план, но не изостанува ниту естетската компонента, со убаво уредената внатрешност во светли тонови. Куќата е лоцирана во Атланта, САД, и претставува соработка на архитектот D. Stanley Dixon со студиото Tillman Long Interiors, вкрстувајќи ги креативните идеи за создавање на навистина инспиративно издание, кое е подеднакво добро реализирано и во екстериерот, и кога е ентериерот во прашање. Фасадата во бледо кафена боја само ја наговестува фасцинацијата од светлите пастелни нијанси, кои доминираат во внатрешноста, давајќи и смирен и пријатен амбиент, а истовремено постигнат е исклучително стилизиран и елегантен изглед. Декорот е минималистички, но одлично избран, со украси со тиркизни, ментол зелени и светло зелени акценти кои совршено се вклопуваат во суптилното опкружување. Малата површина е функционално искористена, со паметни решенија за складирање и финеси кои визуелно го зголемуваат просторот. Обезбеден е и продор на мноштво природна светлина со позиционирање на големите прозорци, што и’ дава дополнителен сјај на оваа стилски спакувана лежерна оаза.
Лежерен дом во светли тонови
Секое катче е уредено со свежа и нежна комбинација на белата боја, бледите аква тонови и светлите пастелни допири.