Денот се повеќе се намалува, сонцето полека но сигурно ја губи енергијата со која не грееше цело лето… Особено во вечерните часови може да се почувствува мирисот на есента. Есента со себе ги носи есенските дождови и не подготвува за зимата. Токму затоа наш денешен избор за Фото на денот е фотографија на John Wilhelm на која е претставено детенце кое подготвено ги чека есента и зимата.