Колаборативна уметничка инсталација каде имињата на Radical Jetset и Carolina Cruz, познати како Lucilux се потпишани како автори на „Колибата на баба’, со инспирација од приказната за Црвенкапа – користејќи ги своите вештини како илустатор+дизајнер, ова уметничко дуо успева да ја долови прогонувачката шума во затворен простор и да го спои истото со морничавиот декор како едно необично место за живеење.
Покрај работата со компактниот простор, Lucilux ја исполнува собата со лисја, правлив пат, цветна позадина, неколку парчиња мебел и реплика на гладниот волк (од памук и алишта), сместен во креветот на застарената бабичка. Нетрпение да пристигне следниот оброк? Доволно вознемирувачко согласно амбиентот, каде заканувачката црвено-виолетова боја на светло влегува низ прозорците со чиста магента завеса.