Имате мало дете? Тогаш овој Направи сам проект е совршен за Вас. Ќе овозможи забава за Вашето дете и непроценливо уметничко дело за Вас.
Потребно:
- платно за сликање;
- бои и четка;
- самолеплива лента;
- креативно дете. :)
Најправин на платното за сликање залепете од лентата на различни места по Ваша желба. Постелете нешто на подот (за да не мора да чистите потоа), поставете го платното за сликање и дозволете му на Вашето дете да ужива сликајќи со која боја сака. Откако Вашето дете ќе заврши, Вие сте на ред; одлепете ја самолепливата лента и најдете совршено место во домот за новото уметничко дело.