Во една анкета на најпознатиот книжевен сајт Bookriot, одговорите на читателите ширум светот на прашањето „кои книги Ви изгледаат понижувачки кога ќе Ве забележаат дека ги читате“, каде со бројка од 581 одговори, листата забележала повеќе од 380 наслови на книги. Ние за Вас ги издвоивме топ 10 одговорите, каде варираат сториите за вампири, романса и еротика (а патем, и вампирско-еротска романса, каде Самрак, Игрите на гладните и 50те нијанси беа спомнати во повеќе од половина од одговорите):
1. Самрак сагата (315 гласови)
2. Педесет нијанси триологијата (178)
3. Кодот на Да Винчи (34)
4. Љубовни романи (24)
5. Серијата Игрите на гладните (17)
6. Суки Стекхаус (16)
7. Мостовите на Медисон Сквер (14)
8. Цвеќе на таванот (13)
9. Отфрлен Атлас (11)
10. Заспаната убавица, серија (11)
Колку се согласувате со оваа листа, споделете со нас во коментар – за да увидиме како размислуваат македонските читатели и дали нашата матична листа се поклопува со светското подредување на најомразени и најпонижувачки наслови. А сепак, на крајот мора да се признае… љубопитноста е посилна од можноста да бидете осудени!