Претпоставуваме дека сите како деца се замислуваат во улога на некој од карактерите на Дизни; девојките во улога на нивната омилена принцеза, а момчињата сигурно биле храбриот принц. Jen Lewis има поинаква замисла за принцезите на Дизни креирајќи креативна серија која ќе измами насмевка на Вашето лице. Пепелашка и Снежана, па и сите други принцези на Дизни добиваат нов идентичен лик. Сите го добиваат ликот на добро познатиот актер Nicolas Cage. Што мислите, му одговара ли оваа улога? Може ли да биде принцеза? :)