Прекрасни несекојдневни цртежи дело на Angela Hendricks, професионален илустратор и нејзината 4 – годишна ќерка. Angela го започнува секој цртеж, цртајќи одреден лик, за потоа нејзината ќерка да му нацрта тело на истиот на начин како што таа го замислува. Може да биде пчела или сирена, опкружена со некој цвет, печурка или сонце. На овој начин цртежите ја задржуваат првичната идеја преку детално и совршено нацртаниот лик од страна на Angela, а со доработката од нејзината ќерка тие го губат влијанието од светот на возрасните и стануваат дел од детскиот свет на фантазијата