Колку може една библиотека да биде привлечна? Како катедрала на душата, инспирира со својата длабока суштина и безвременски карактер – додека, како модерен пример секако би се означила Dalian Library во Кина, создадена од Architects Collective. Креативните Австријци со седиште во Виена го комбинираат овој концепт на модерна градба со безвременско значење, со надеж дека ќе стане познат историски настан и за локалните жители и за разноразните посетители. Инспирацијата за формата на зградата е позајмена од карактеристичниот вид на роза која расте само во Кина. Од причина што секоја од мини-зградите ќе биде во својство на цветна латица, градот Dalian ќе добие уште неколку библиотеки за да означи уште еден вид од истите и на крајот, да формира целосна роза.
Зградата ќе има еден убав, централен двор и читална на ниво, за да овозможи посетителите да го набљудуваат заливот кој е во близина, додека големите спирални скалила ќе бидат прикачени за структурните полици, поврзани со надворешноста. Внатрешноста, сепак ќе биде амбиентално наменета, како една релаксирачка средина како симбол на мирот во заедницата.