Иако на прв поглед оваа полица изгледа како „ништо посебно“ – сепак, нејзиниот минималистички и практичен дизајн е воочлив веднаш на вториот поглед. Со мало внимание, се забележува интелигентната намена на истата: The Minimal Bookshelf создадена во Кина, од Chan Hwee Chong е можеби наједноставно паметната полица којашто некогаш сте ја виделе.
Поставени празнини на двата краја, каде што треба да се смести по една исправена книга која истовремено ќе врши улога на сепаратор на книги.Со остранување на дел од полицата, овој креативец додава нова функција! Достапна во 20 бои, таа е прилично кул парче мебел кое ќе ги воодушеви подеднакво библиофилите и минималистите.