После прекрасните фотографии дело на фантазијата и умешноста на Katerina Plotnikova, следи уште една нејзина серија фотографии која ќе ја потврди нејзината љубов и посветеност кон создавање добра фотографија. Хероини произлезени од нејзиниот ум во комбинација со диви животни е приказната во овие фотографии.
Скриени и мистични светови, далеку од цивилизацијата, надминувајќи ја оддалеченоста меѓу човекот и дивите животни. Девојката како понежeн претставник на човечкиот род во комбинација со змии, лисици и други животни, е несекојдневен приказ кој преку овие фотографии буди смирувачки чувства.