Кога во библиотеката на University of Wisconsin, Joe Hardenbrook, референтен библиотекар познат како Mr. Library Dude дознал дека LEGO создале стереотипна фигура на библиотекарка (со разумна фризура, џемперче, книга и шолја на која пишува „шшшш“); одлучува да се замеша во нивната работа и да поттикне иницијатива луѓето да ги надминат стереотипите и да креираат различни типови на библиотекари.
Некои од креациите воопшто не изгледаат типично, бидејќи истите успеваат во обидот да ги надминат очекувањата и да го преиспитаат својот имиџ во јавноста. Така што, дури и еден рокер може да води библиотека! Секоја од креациите е придружена со објаснување зошто воопшто се одлучиле за таа професија – а истата е генерална и обединувачка, т.е нивната љубов кон книгите. Со бројка од 27 фигури, ние ги издвоивме најинтересните од нив.