Њујорк е град кој постојано расте и се развива што е речиси невозможно да се документира секоја негова промена. NYC Grid под раководство на Paul Sahner се обидува да направи таков вид на документација на целиот град „улица по улица, блок по блок“ преку фотографии од минатото и денес. Секоја локација фотографирана од истата преспектива како фотографиите од претходниот век ни овозможува сами да ги согледаме разликите и сличностите на одредено место настанати после неколку децении па дури и цел век. Интересно би било истото да се направи и за Скопје, зар не?