„Времето е димензија“ е серија фотографии на Fong Qi Wei, фотограф од Сингапур кој се обидува да претстави премин низ времето создавајќи сложени фотографии од секвенци направени со разлика од 2 до 4 часа од едно исто место.
„Времето поминува незабележливо, а преку овие фотографии јасно се забележуваат разликите кои ги носи времето, кои за нас станале нешто вообичаено. Премин кон временска димензија создадена со промените кои ни ги носи времето, тоа се моите фотографии.“