Велат дека љубителите на книгите никогаш не си легнуваат сами – секогаш покрај нив е нивниот омилен лик, жарн, автор. Она што е заедничко за сите припадници на овој вид, покрај љубовта кон книгите, е акцентот на нивниот избор. Понесени од таа идеја, Gandhi Bookstores од Ново Мексико настапува со креативна маркетинг-кампања каде главните ликови од три книги САМИ избираат што ќе читаат… Црвенкапа, Грегор Самса и Алиса се удобно сместени во своето катче за читање и уживаат во сопствениот книжевен избор.
Кампањата е дело на агенцијата Ogilvy & Mather од Мексико, илустрацијата е потпишана од Ricardo Salamanca, а позади објективот застанува Iván Belaustegui. Ве интересира што читаат овие ликови? Пронајдете ја Вашата книга!
* Црвенкапа (Црвенкапа) избра да чита „Степски волк“ – Херман Хесе
*Грегор Самса (Метаморфозис) ужива во „100 години самотија“ – Габриел Гарсија Маркез
*Алиса (Алиса во Земјата на чудата) истражува за „ЛСД“ – Тимоти Леари