Со впечатливиот екстериер во интензивни тонови, портокалово-жолтата фасада и тиркизните акценти на прозорците, а во опкружување кое го сочинуваат живописна градина со романтичен базен и многу зеленило, овој дом уште однадвор мами воздишки, неодоливо потсетувајќи на идилична куќа од соништата. А кога ќе се зачекори внатре, во прекрасно уредената внатрешност, сосема јасно станува дека целокупниот дизајн е за восхит, и дека ентериерот совршено го надополнува, а можеби и надминува шармот на извонредната надворешност. Исклучително топло е уредена, со пастелни светли бои, суптилни земјени тонови и свежи зелени нијанси, но и мноштво детали и романтичен декор, рустични мотиви и дрвени допири, кои се обединети во комфорна целина со несекојдневно пријатен амбиент. Традиционалниот изглед на ентериерот е инспириран од раскошната убавина на Тоскана, Прованса и Андалузија, оживувајќи ја нивната магија во секое катче од овој медитерански дом. Лоциран е во Малага, Шпанија, а претставува идеално бегство на југот за руско семејство.
Топол дом со убави бои
Сончев, светол и спокоен, со хармонична атмосфера која кани на уживање во животот.