Сончев зрак за време на дожд, трошка надеж во лошите моменти, малку љубов во морето од омраза, светлина за време на немири и војни. Токму тоа се овие фотографии…
Но секоја приказна има две страни. Зад секоја добра или лоша фотографија стои некој фотограф, човечко суштество. Додека ние се воодушевуваме на фотографите кои ни даваат надеж и ја разубавуваат суровата реалност, фотографите се соочуваат со многу непријатности за да дојдат до вредна фотографија која ќе му ја претстават на светот.
Велат добрата фотографија зборува најгласно од сите кажани зборови, а добрите фотографи се наоѓаат и на најопасните места; во кризните подрачја, во центарот на протестите и во воените полиња, само за да создадат фотографии кои за жал луѓето најчесто ги гледаат само неколку секунди. Ние Ви нудиме моќни фотографии со кои ќе погледнете зад нивните фотоапарати. За жал не секогаш е едноставно да се создаде добра фотографија.