Ако некогаш навлезете во потрага на најкнижевниот фустан, тогаш ова парче облека е создадено за Вас – по прекрасната книжевна тоалета, Ви презентираме фустанче од книги зад кое стои Redditor Јorimoo. Детално изработен и дизајниран единствено од хартија, таа вели дека старите книги ги искористила паметно, наместо да ги остави да собираат прашина на полиците.
Дизајнот е доста сложен, каде што неколку слоеви го формираат корсетот и стилски продолжуваат кон хармонично здолниште. Мора да се напомене дека е навистина потребно да се внимава на истиот, додека се носи. Во прилог се фотографиите на Јorimoo каде што таа присуствува на Readers and Writers Festival.