Ако сте го гледале „Кралот лав“ на Дизни, тогаш првото нешто на кое ќе се сетите е Hakuna Matata, односно паролата на Тимон и Пумба која Ве упатува да живеете „без грижи“. Покрај совршено завршената работа на режисерот, аниматорите и позајмените гласови, оваа безвременска приказна речиси 20 години ни сервира неколку лекции за животот на кои радо се присетуваме. Освен оваа куса мудрост, Тимон вели и нешто друго… „ако имате проблем, а проблемот има решение – тогаш, не е проблем затоа што ќе го решите. А ако имате проблем и проблемот нема решение, тогаш не е проблем зошто Вие не ја поседувате контролата за да го решите.“ Хакуна матата, за остатокот од сите Ваши денови!
- Смирете се со сопственото минато за да не Ви наштети во Вашата сегашност. А патем, ќе ја заштитите и иднината.
„Минатото може да боли. Но, на начинот на кој го гледаш – може или да избегаш… или да учиш од истото.“ - Она што другите го мислат за Вас не е Ваша работа. Се’ додека сте вредни во сопствените очи.
„Погледни внатре во себе. Ти си повеќе од тоа што си станал. Никогаш не заборавај кој си.“ - Времето лечи речиси се’, па дадете си време да заздравите и да застанете на свои нозе. Безразлика што Ви се случило.
„Слушај дете. Лоши работи се случуваат и ти не можеш да сториш ништо во врска со тоа.“ - Никој освен самите Вие не е причинител на Вашата среќа. Дури и кога се чувствувате добро во нечие друштво – чувствата се само Ваши.
„И само ако тие можеа да ја почувствуаат среќата којашто ја делам со тебе…“ - Не го споредувајте Вашиот живот со другите. Не можете ни да замислите што се случува во текот на нивното живеење.
„Тоа е круг на животот и не движи сите – низ очај и надеж, низ верба и љубов. Се’ додека не го најдеме нашето место долж патот до крајот.“ - Престанете да размислувате премногу, Во ред е ако не ги знаете сите одговори.
„Се’ што гледаш е создадено за да постои во деликатна хармонија. Ти треба да ја разбереш таа хармонија и да ги почитуваш сите суштества.“ - Насмејте се, затоа што не ги поседувате сите проблеми во светот. Никој не очекува да бидете херојот на новото време.
„Кога светот ќе ти го сврти грбот, сврти му го и ти твојот грб!“