Фотографиите на кои сме во нечија прегратка или се држиме за раце се фотографии кои се резервирани за нашите блиски и сакани личности. Но тоа не важи за Richard Renaldi, фотограф кој создава серија фотографии на кои прегрнати или фатени за раце се наоѓаат луѓе кои не се познаваат меѓусебно, под наслов „Допирање со непознати“. Луѓе кои се сретнале во парк, на улица или во метро, на фотографиите тие ја прекршуваат меѓусебната приватна зона претставувајќи моќна поврзаност доловена преку фотографијата.