Неверојатно прекрасни и изненадувачки згодни: овие постери со потпис на Adam Spizak, илустратор и дизајнер кој ја дели љубовта кон Game of Thrones со многумина ширум светот. Секој од трите постери прикажува по еден од карактерите – Daenerys Targaryen, Tyrion Lannister и Jon Snow, со симболот на куќата којашто ја претставуваат. Оваа дигитална уметност е само еден од примерите каде што Играта на троновите послужила како инспирација… како, Играта на тетовираните тронови!
Секоја од куќите со свои одлики – слично како нашиот креативен подвиг со играта на книжевните тронови, се сложуваме со зависноста од приказните на Џoрџ Р.Р. Мартин,
“Ти се колнам, седењето на тронот е илјада пати потешко отколку освојувањето на истиот.”