Patrice Murciano е уметник кој себе се нарекува „истражувач на уметноста“ и не дозволува да го нарекуваат сликар. Роден е на 27 мај 1969 година, живее во јужниот дел на Франција, но одржува редовни изложби на своите „истражувачки дела“ насекаде во светот. Како постојан истражувач на уметноста тој е во постојана потрага на нови техники и стилови. Сака силни бои и неговите дела вооглавно зрачат со истите.
„Светот без боја не е убав свет, се би требало да биде со многу боја. Јас дури и на Мона Лиза и дадов малку боја.“
Ние сепак би го нарекле сликар и тоа добар сликар, судејќи по неговите дела тој заслужува да ја има таа титула. Се согласувате?