На секој од нас му се случува да ги погледне старите фотографии и да си помисли во себе „како сум можел тоа да го носам“ или „како сум можел вака да изгледам“. Но тоа не е нешто ново, можеби после неколку години истото ќе го помислиме и кога ќе ги погледнеме фотографиите од сега.
„Непријатни години“ е фото проект на Merilee Allred каде што луѓето се фотографирани токму со фотографиите за кои што го мислат истото. Стари училишни фотографии, со друг стајлинг и можеби протеза, во компарација со денешниот изглед. Прекрасна идеја, зар не?