Неодоливо атрактивна куќа која е идеално поставена, во мирен крај на островот, далеку од вревата, летната динамика и бурните деноноќни забави по кои е препознатлива популарната шпанска дестинација. Во опкружување на живописна природа и рајски плажи, оваа летна куќа зрачи и одвнатре и однадвор со својата убавина, комбинирајќи ги традиционалниот стил на градба карактеристичен за Ибица и модерниот дизајн на современите куќи на плажа, и е совршено катче за одмор и уживање во летото. Зад впечатливата бела фасада на куќата сместен е светол, нежен ентериер во кој доминираат морските мотиви и морнарските детали, деликатниот микс на сината, зелената боја и земјените тонови, чиј спој суптилно ја разигрува белината на ѕидовите, во просторот во кој продира многу природна светлина. Насекаде во домот се присутни допири од дрво и бамбус, надополнети со мноштво автентични декорации, кои го облагородуваат секој агол од внатрешноста, давајќи му чувство на топлина и пријатен амбиент на домот. Летната тема умешно се пресликува и на идиличната тераса, богата со детали и украси и расцуцетна во розова нијанса, со магични глетки на пејзажите од кои застанува здивот.
Летна куќа на Ибица
Од секогаш сончевата Ибица, вистинска инспирација кога се летните домови во прашање.