Philip Muñoz e самоук сликар кој дипломирал биохемија на Универзитетот во Бристол, но љубовта и посветеноста на сликарството го прават адекватен претставник на оваа уметност. Создава прекрасни хипер – реалистични слики.
„Обично сите цртаат совршена убавина, совршена во секој поглед. Моите девојки се поинакви, тие не се совршени. Тие се бунтовнички, со многу пороци, со сопствен социјален идентитет. Преку сликарството јас ги претставувам со сите маани и предности.“