Како дел од фестивалот Artaq 2013, Mademoiselle Maurice создава три нови инсталации на улична уметност од хартија во Анже, Франција. Прекрасните инсталации се составени од 30.000 парчиња оригами, направени со помош на децата од локалните училишта и сите граѓани кои сакале да се вклучат. Се било подготвено неколку месеци пред почетокот на фестивалот, за време на работилниците кои Maurice ги организирала.
Катедралата Сен Морис била украсена со две инсталации: на предната порта и на скалите кои водат до неа, додека третата инсталација била поставена на бреговите на реката Мејн.