И New York Times потврди: познатите личности не се оние кои вооглавно ги продаваат списанијата. Перцепцијата на луѓето полека, но сигурно се менува; повеќе не се смета за добра насловна страница само доколку некое познато лице е на неа. Добриот дизајн се повеќе добива на цена и светските списанија како да започнаа да се натпреваруваат кој има подобра насловна страница и содржина која ќе ги задоволи барањата на читателите без славните личности и скандалите и аферите кои ги пратат истите.
Сепак, тенденцијата на насловни страници на кои не се наоѓаат познати лица не е нова. Ние Ви нудиме дел од нив кои сведочат за моќта на добриот дизајн.