Привремено поставена во Њујорк, оваа интересна иницијатива со наслов The Free Little Library им дозволува на секој еден од минувачите слободно да ги користи книгите кои што се поставени во жолтата внатрешност на објектот, каде истите се заштитени од временските непогодности и сообраќајниот хаос во Големото јаболко. Соработка на две дизајн-компании, Stereotank и Architectural League за еден единствен ефект – подигање на свеста во њујоршкиот хаос, преку користење на интензивна боја и навраќање кон старите вредности… пример кој би требало да го позајмат сите светски метрополи.
Со функционирање на принцип „земи книга, остави книга“, овој проект бара од читателите да дадат онолку колку што ќе земат, односно ако самите се радуваат на подарок книга, тогаш треба да бидат во состојба и самите да подарат книга. И секогаш е изненадување што ќе добиете…