Многумина сметаат дека љубовта кон животните говори многу за личноста на човекот и дека карактерот на одредена личност е она што е најважно при изборот на домашно милениче.
„Your Pet and You“ е серија фотографии на Tobias Lang, фотограф од Германија кој смета дека како што карактерот на човекот влијае врз неговиот животен стил така влијае и врз изборот на миленик. Сакајќи да го потврди или негира своето мислење дека стилот на човекот е поврзан со неговиот избор за свој домашен миленик, Lang ја создава оваа прекрасна серија фотографии. Серијата е составена од прекрасни портрети на сите видови на миленици со нивните сопственици.
Погледнете ги внимателно фотографиите и сами заклучете: има ли врска стилот со изборот на домашниот миленик?