Водечката компанија во САД која е истовремено книжарница и online продавница, Penguin Group уште повеќе се доближува до своите читатели: првата Penguin Group мобилна книжарница која што вклучува книжевен камион (од типот на сладоледен камион), го започнува своето парување ова лето почнувајќи од Њујорк, Селисоу, Оклахома Сити, Кањон, Албурскју, Флагстаф и на крајот, во Бејкерсфилд, Калифорнија.
Оваа мобилна книжарница е повеќе од книжевна турнеја – таа е истовремено комбинација на нови со стари наслови, бестселери со класици. Директорот Paul Buckely, имено уметнички визионер вели дека овој проект не е само типична продавница, синоним на книжарница како што ја знаеме од учебниците или улиците. Затоа што Penguin Group пронајде различни уметници за да ги рекреираат насловните страници на класичните романи за да истите допрат до пошироката публика. Ќе видите книги кои се движат од графички дизајн, карикатури, тетоважи и слично.
Општеството се управува од низа визуелности, па зошто да не се комбинира модерната, уникатна графика со класичните приказни за да се привлече публиката? Ова не е обично патување – ова е лесна комбинација на безвременски вредности!