Hendrik Kerstens е холандски фотограф кој преку фотографијата реконструира познати класични портрети од еминентни сликарски имиња. Занимливо е тоа што тој при својата работа користи секојдневни предмети за да добие слична претстава која би наликувала на класичните портрети. Целта на целиот проект на Kerstens е да создаде врска меѓу сликарството и фотографијата.