„Се’ околу нас е одраз на она што сме.“
Постојат многумина кои дури и да не сметаат себеси како почитувачи на пишаниот збор или страствени библиофили во никој случај, а кои сепак уживаат во книгите на Пауло Коелјо. Тоа не треба да звучи изненадувачки судејќи по фактот што неговите инспиративни приказни го прават еден од најпродаваните писатели на денешницата кои умешно комуницираат со своите читатели – како преку книгите, така преку социјалните мрежи.
Имено, неговиот култен лик, „Алхемичарот“ како дел од 10те најчитани книги на сите времиња во себе инкорпорира легенда (една од многуте во истата), која се однесува на Нарцис. Читана од страна на Џереми Ајронс, Ви препорачуваме да ја чуете и уште еднаш да ја искусите инспиративната моќ на овој автор. Видеото е надополнето со анимација на Grace Nolan и слики на Alexandra Bridger.