Во период на преслатките лубеници Ви претставуваме уште еден проект на кој вашите најмили многу ќе му се радуваат.
Потребни ви се:
-лубеница
-сечачи на форми за колачиња
-стапчиња (за ражничи)
Исечете ја лубеницата на парчиња од околу 1,5/2 cm и со помош на сечачите за колачиња направете ги саканите форми.
Од како ќе ги направите сите почнете да ги поставувате стапчињата.
Вашите лижавчиња се готови. По избор, може и да ги ставите во фрижидер накратко да се оладат.
Послужете ги најмалите :)