Во 1992ра година бродски контејнер кој пренесувал над 28,000 гумени патки бил изгубен во морето на пат од Јапонија кон Америка. Многу од нив биле отфрлени на бреговите на Хаваи, Аљаска, Јужна Америка и северозападниот дел од Пацификот. Други биле пронајдени во артичкиот мраз и Шкотска, а и се верува дека околу 2,000 од нив се во струите на Северниот Пацифик. Многу од нив се појавуваат и ден денес, 20 години подоцна.