Имате некоја монотона стаклена ламба, која сакате да ја разубавите? А чувате и некои филмови од развиените фотографии? Тогаш имате се што Ви е потребно за нашиот денешен проект.
Потребно:
- стаклена ламба
- филмови од развиени фотографии
- лепак
Брзо и едноставно Вашата ламба ќе добие нов лик, само запомнете со овој проект да би загубила од својата основна улога, односно нејзината светлина ќе биде помала, но затоа би претставувала украс на Вашиот дом. Се што треба да направите е да го залепите филмот од Вашите фотографии по целата должина на стаклениот дел од ламбата. За крај, најдете и соодветно место во Вашиот дом.