Hеrr Nilsson е уличен уметник кој ја отсликува темната страна на принцезите на Дизни, ги претставува во издание на кое не сме навикнати да ги гледаме. Негде низ улиците на Стокхолм, може да наидете на Снежана, Пепелашка и Заспаната Убавица кои ќе Ве дочекаат со оружје во рака. Nilsson направил и фотографии каде токму овие дами се во главна улога и ги чекаат своите жртви во текот на ноќта.
Идејата на Nilsson е да ги редефинира бајките каде совршенството постои, идеалната среќа е финален производ, а невиноста и наивноста се придружници на главните ликови, што е сосема различно од реалноста во која живееме. Поради тоа омилените ликови од бајките тој ги претставува на поинаков начин, уморни од исполнување на постојаните очекувања согласно нивните наметнати карактери.
„Можеби и Снежана сака за момент да биде лоша, ништо во животот не треба да се идеализира, бидејќи ништо не е идеално. Секој има своја темна страна.“