„The Color Project“ е прекрасен проект на Adrien Broom, зaмислен во 8 дела во кои се истражува светот на бојата преку очите на едно мало девојче. Тоа е мултимедија приказна која започнува кога девојчето се буди во свет без бои. Истражувајќи го белиот свет и прашувајќи се каде изчезнале боите таа открива врата која ја води кон нејзиното прво откритие, светот на црвената боја. Како што се развива приказната, девојчето патува од еден во друг свет на боите за на крај да пристигне на крајот на виножитото каде што постојат сите бои.
Импресивно е тоа што Broom создава осум различни сетови, почнувајќи со бело и протегајќи се низ сите бои на виножитото (црвена, портокалова, жолта, зелена, сина и виолетова), завршувајќи со полн спектар на бои.
На целиот проект освен Broom рaботи и цел тим на уметници, цвеќари, склуптори и многу занаетчии кои се од огромно значење при креирање на секој уникатен, чуден свет на боите. Целото дејствие се одвива во студиото на Конектикат. Досега, се готови светот на белета, црвената, жолтата и сината боја, а се очекува за 4 месеци да бидат завршени сите, со оглед на тоа дека е потребен цел месец за една сцена, односно 8 месеци за 8 магични сетови.