На нашата покана да ни испратите Ваши креативни дела, пристигна оваа фотографија на Анита Палческа, каде се среќаваме во прво лице со првите подготовки за престојната есен. Иако е релативно рано да говориме за студот и мракот, мора да признаеме дека овој поглед на Крушево низ прозорецот на старата куќа, под кој се сушат дрвата за огрев, е просто занемувачки.
Продолжете да споделувате со нас дел од Вашите креативни дела, а ние со задоволство ќе ги објавиме на Вашиот DA.