Pixel Pancho е уличен уметник од Торино, Италија. За разлика од повеќето улични уметници тој има формална позадина зад себе, односно дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Валенсија. Неговиот стил е под влијание на делата на Хоакин Сорола и Салвадор Дали.
Неговата љубов кон графитите го однесе низ целиот свет каде што тој оставил дел од својата уметност. Карактеристични за него се големите роботи насликани на ѕидовите во различни позиции. Неговите роботи можат да се сретнат во Париз, Амстердам и Варшава.