Доколку сте трагачи по добра храна, вино, одлична музика, мода и дизајн, тогаш нашиот хотел е совршено место за вас. Вака гласи мoтото на новиот хотел QT Gold Coаst во Сиднеј, кој со модерниот дизајн и врвната услуга која им ја нуди на своите гости е вистинска оаза на летните задоволства. Прекрасно е стилизиран во внатрешноста, со весели дезени и живи бои кои ја разнесуваат игривоста, колоритот и блесокот на летото и во ентериерот на хотелот. Наменски е уреден да им овозможи несекојдневно сончево доживување на светските патници, па не зачудува што во секое катче е оживена летната тема и ведрите мотиви од убавото годишно време. Меѓу идиличната тераса и базенот кои канат на релаксација надвор, заедничките простории исполнети со многу интересни дизајнерски решенија внатре, како и релаксираните соби со глетки на морето и околните планини, тешко е да се пресуди каде минува понезаборавно времето од топлите дни. Чудесна летна мечта!
Хотел во кој живее летото | QT Gold Coаst
Вистинска оаза на летните задоволства, со весели дезени и живи бои...