Сместена на падините на италијанскиот остров Капри, прекрасната Villa Ferraro претставува вистинска рајска оаза за уживање. Не само што е поставена на одлична локација на ридот, со магични видици на знаменитостите и убавините на живописниот остров, туку и восхитува со неверојатниот дизајн кој мами воздишки. На нејзината темелна реставрација работела италијанската архитектка Fabrizia Frezza, создавајќи навистина чудесно место за одмор. Вилата располага со шест луксузно уредени соби, идилична градина, тераса и базен на кровот. Овозможува низа погодности, меѓу кои и врвна услуга во текот на целиот ден, како и all inclusive понуда во исклучително романтична атмосфера. Собите се стилизирани со ексклузивни парчиња мебел и уникатни декорации, а секоја од нив открива нова панорамска глетка на Капри. Дизајн од соништата и една од најпосакуваните светски дестинации – спој за несекојдневно доживување кое се памети долго. Уживајте!
Неверојатна вила на Капри
Гламурозна оаза за одмор во една од најубавите дестинации во светот...