„Пишувај на небото“ e прекрасен проект на Lisa Rienermann, која создава серија фотографии на кои од формите на зградите се испишува буква на небото. Lisa застанува меѓу повеќе згради и се загледува во небото барајќи одредена буква од азбуката.
„Започнав сосема случајно кога во Барселона случајно ја кренав главата кон небото и ја здогледав буквата „Q“. Оттогаш секогаш погледнувам нагоре и ја собирам азбуката на небото.“