Британската дизајнерка Stella McCartney е позната по својата соработка со спортскиот бренд Adidas, редовно дизајнирајќи колекции, како и по опремата на британската репрезентација на минатогодишната летна Олимпијада во Лондон. Овој пат, нивната нова соработка е колекција за US Open и Wimbledon турнирите, во кои три спортски ѕвезди ќе ги носат нејзините креации; Laura Robson од Британија, Caroline Wozniacki од Данска и Marija Kiriljenko од Русија.