Фустани од различни периоди од историјата лебдат низ црнило, фотографирани од Meg Cowell. Идејата била да се претстави автентично фустанот, но не на девојка туку да биде оставен да лебди во воздухот, односно да изгледа како облечен на дух од периодот во кој припаѓа фустанот.
Мистично и прекрасно истовремено, добиваме совршена претстава на фустанот, но не и на девојката која би го носела, тоа е дел кој Cowell го остава на нашата имагинација.