Од утре… ќе престанам да пијам, ќе уживам во убавината на животот со трезна глава и чист поглед.
Од утре… ќе престанам да пушам, ќе престанам да се трујам самиот себе.
Од утре… ќе престанам да се нервирам за секоја ситница, животот е премногу краток.
Од утре… ќе внимавам што јадам, поради естетскиот изглед, но и поради моето здравје.
Од утре… ќе бидам пољубезен со луѓето околу мене, една моја насмевка може да им го разубави денот.
Од утре… внимателно ќе ги избирам зборовите што излегуваа од мојата уста, бидејќи погрешните зборови кажани во погрешно време можат да повредат некого.
Од утре… ќе го искористувам секој момент за да бидам со моите сакани, да им покажам колку ми значат.
Од утре… ќе го живеам животот со полн здив, но најпрвин морам да научам да не ги оставам работите за УТРЕ, мојот живот е ДЕНЕС и СЕГА и сите промени кои што сакам да ги направам мора да започнат веднаш. Од денес ќе го создавам мојот подобар живот за утре.