Stephen Criscolo, 19-годишен самоук фотограф, умешен како со фотоапаратот така и со работата на компјутер, создавајќи прекрасни фото манипулации. Неговите фотографии се отсликување на неговиот внатрешен свет, неговата имагинација и креативност.
„Се трудам моите фотографии да бидат различни, без разлика дали ќе бидат различни во добра или лоша конотација. Сакам луѓето да уживаат во различни видови фотографии наместо да се досадуваат со еден униварзален стил кој се повторува.“
Меѓу неговите фотографии ќе забележите концептуални фотографии кои потсетуваат на чуден сон, се до страшни кошмари. Уживајте.